Спасување на податоци

Data Solutions Labaratorija на своите клиенти им овозможува комплетна услуга на спасување на податоци врз основа на експертските знаења на нашите лаборанти кои со користење на врвна технологија доаѓаат до вашите податоци без разлика кој е дефектот или системот што го користите. Нашата лабораторија Ви гарантира приватност и доверливост со напомена дека нашите клиенти не се должни да ја платат услугата доколку не ги добијат бараните податоци. Со повеќегодишно искуство како и неколку илјадници задоволни клиенти Data Solutions представува сигурен избор кога се во прашање релевантните податоци за Вашето работење или податоците за кои што сте сентиментално приврзани.

 
 
 

Процедури

Data Solutions лабораторијата користи детално разработени процедури со кои се обезбедува квалитет на работењето и воедно оправдува довербата што години наназад ни ја укажуваат домашните и странски компании. Постапка на спасување на податоци се одвива во три фази: • Прием на медиум за спасување на податоци • Изработка на дијагноза и процена на успешност • Спасување на податоци Есенција на нашата работа е пристап и спасување на значајни и воглавно доверливи податоци во одреден временски рок. Со примена на адекватни процедури и тимска работа секоја година се зголемува процентот на успешноста на нашата лабораторија на големо задоволство на нашите клиенти. Севкупниот однос на нашата компанија кон Вашите податоци е дефиниран со Полисата за заштита и Полисата на доверливост на податоци. Овие полиси можете да ги видите засега само на српски јазик тука.

media

 
 

Приватност и доверливост на податоците

Вашата приватност за нас е од суштинско значење. Data Solutions се обврзува дека ќе ја штити и чува Вашата приватност, како и доверливоста на Вашите деловни и лични податоци. Приватност и доверливост на податоците пред сé се заштитени со закон. На своите клиенти Data Solutions им нуди и додатни механизми креирани за нивните специфични потреби. Најзначајна е Спогодба за доверливост на податоци. Оваа спогодба може да се потпише со било кој клиент, било кога. Data Solutions Laboratorija во секој случај постапува како да оваа спогодба е потпишана и заверена. Иако многу еминентни поединци и компании веќе ни ја пружија својата доверба ние потполно ја разбираме потребата за детален приказ на начинот на заштита и на нивото на доверба. Примена на процедури за сигурност и заштита на податоци почнува со прием на медиумот. Оперативните методи се применуваат до 15 дена откога клиентот ќе ги превземе податоците и уредите и кога ќе ја потврди исправноста на добиените податоци како и комплетирање на договореното. После 15 дена од превземањето сите податоци се уништуваат од дисковите на Лабораторијата и тоа со примена на DoD методата. Секоја сериозна компанија која врши спасување на податоци почитува стриктни методи на заштита на податоци на своите клиенти. На пазарот во Србија работиме од 2003 година и досега низ нашата лабораторија поминале илјадници дискови. Во нашата работа не постои нешто што е „случајна” загуба на податоци или снемување на податоци или уреди на клиенти. Ние едноставно нема да дозволиме тоа да се случи. Податоците на клиентите во нашата компанија се штитат на следните начини:

Со авторизација во самата лабораторија

 

Физички

Со енкрипција

Со уништување

Пристап до податоците имаат единствено лаборантите и единствено тие одговараат за автентичноста и конзистентноста на податоците на клинетите. Data Solutions Laboratorija од своето основање им овозможува услуги на големите компании, банки и институции. Делумен список на клиенти кои ни ја укажале својата доверба можете да видите овде (линк). Освен тоа ние сме и прва и единствена компанија на нашите простори која се занимава со компјутерска форензика. Како единствени комплетни експерти (познавање на техники на спасување на податоци и компјутерска форензика) во таа област нашите лаборанти досега учествувале во бројни истражни постапки.

 

        Data Solutions  d.o.o. Beograd | +381 (64) 643-58-84  +381 (11) 329-06-61 | Home   

Google Maps  facebook  wikipedia  lastfm  myspace